Аниса Ајро од Скопје, 12-годишна ученичка во седмо одделение е исчезната од вчера. Семејството во очај трага по неа, и случајот бил пријавен во полиција.

За „Фокус” таткото на девојчето, Енгин, во очај раскажува за настанот.

Вели дека целото семејство е собрано, не знаат каде да се обратат за помош и се презагрижени.

Вчера ја видов последен пат, рано наутро, пред да одам на работа. Таа се подготвуваше да оди на училиште. Носи црна јакна и кафеави панталони, висока е околу 163 сантиметри. Замина на училиште и потоа не се врати дома. Од она кое го знаеме до сега, девојче кое не и е другарка, повозрасно од неа околу две години, дошло за време на наставата и ја викнало. Најверојатно кажала некоја лага, па ќерка ми ја пуштиле да оди со неа. Од тој момент ние не знаеме што се случило, каде заминале, каде е одведена ќерка ми – вели Енгин.

Извор: Фокус



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.