Обвинетиот Суад Бајрам (45) од Скопје, таткото обвинет дека го уби тримесечното бебе доби затвор од 20 години. Основниот кривичен суд Скопје го огласи за виновен за кривичното дело убиство при вршење на семејно насилство, пренесе МКД.МК.

Бајрам призна дека го сторил убиството и пред судиите изразил жалење и каење за стореното. Но, по изречената казна затвор од 20 години тој негодуваше дека тоа се многу години затвор и кажа дека очекувал помала казна бидејќи, како што рече, немало сега кој да се грижи за другите три малолетни деца.

Бебето почина поради повреди и крварење во мозокот од ударите на таткото.

Дваесет години затвор е многу висока казна. Јас сега има 45 години и до кога ќе седам во затвор? Имам уште 3 малолетни деца и за нив нема кој да се грижи. Мислев помала казна ќе добијам, ѝ се пожали обвинетиот на адвокатката.

Целата сторија на МКД.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.