Вчера во 18.45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Карпош привеле седум малолетници од Скопје и скопско поради сомнение дека физички нападнале 17-годишник од Скопје.

Притоа, соопштува МВР, кај еден од малолетниците од с.Грчец бил пронајден и одземен метален боксирач.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, велат од МВР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.