Во рамки на полициската акција во областа на сообраќајот вчера на подрачјето на СВР Скопје изречени се 120 казни, соопшти денеска МВР.

Од нив, за возење без возачка дозвола изречени се 12 санкции, 22 за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум санкции за користење мобилен телефон при возење.

Исто така, изречени се три мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и заеднички придонес за посигурни патишта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.