Регионалниот ЦУК Велес, од вчера после полноќ е во тек и координира со потрагата по женско лице од с. Сујаклари, кое од Мало Мовче во Велес, во 00.35 часот се фрлило во реката Вардар, соопшти ЦУК.

На лице место веднаш било барано телото од страна на екипа од 3 пожарникари на ТППЕ Велес и една екипа полицајци од СВР Велес. ЦУК, преку РЦУК Велес, во координација со СВР Велес и ТППЕ Велес има добиено информации дека телото се уште не е пронајдено. Паралелно со итната потрага се известени сите релевантни институции – субјекти во Системот за управување со кризи (СУК), објави ЦУК.

Денеска од утрото потрагата продолжила, при што се вклучени 6 пожарникари од ТППЕ Велес и 9 полицајци од СВР Велес.

Се пребарува теренот низводно до вливот на реката Бабуна во реката Вардар. Телото на женското лице од с. Сујаклари коешто од Мало Мовче се фрлила во реката Вардар се уште не е пронајдено, според досегашните информации пристигнати во ЦУК од вклучените субјекти во потрагата, соопшти ЦУК.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.