Вчеравечер во 21.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Штип–Кочани, во близина од крстосница од ул.„Брегалничка“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „чемп“ и мопед „лонџиа“, двата со штипски регистарски ознаки, управувани од двајца малолетници од Штип.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот кој го управувал мопедот „чемп“, а другиот малолетник се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.