Во скопскиот Кривичен суд денес започна судењето против Гордана Филиповиќ. Таа го управуваше возилото кое го усмрти 76-годишниот Слободан Ангеловски.
Несреќата се случи на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, пред девет месеци.
Денес се отвори претресот со воведни говори. Филиповиќ ќе се гони за тешки дела во сообраќајот, со смртен исход. За ова дело, како што посочи обвинетата, не се чувствувала виновно.
Таа и нејзината одбрана бараат преквалификување на делото, за тоа да се третира како чин на небрежност.
Додека таа го даваше својот исказ, синот на загинатиот Ангеловски беше отстранет од судницата.
Следното рочиште е закажано за на 6-ти март. Тогаш во судницата ќе се сослушаат тројца вештаци по предлог на обвинителството, одбраната и обвинетата.
Ќе биде презентирано нивното вештачење, а ќе се презентира и видео материјал.
Потсетуваме, обвинетата Филиповиќ е мајка на кумановката Јелена која имаше 17 години, а пред три години загина во сообраќајна несреќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.