Нов пожар на отворено избувна денеска околу 15:30 часот во атарот на селата Руѓинце и Белановце во општина Старо Нагоричане.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека пожарникарите од ТППЕ Старо Нагоричане се обидуваат да воспостават контрола над огнот и дека засега е безбедно селото Руѓинце.

Фото: ЦУК

И покрај напорите на пожарникарите пожарот и понатаму се шири и најверојатно ќе биде потребна воздушна поддршка. Бидејќи веќе е доцна за полетување на воздухоплови дадени се насоки да се побара засилување и во текот на ноќта за да се обезбеди село Белјановце кон кое се движи еден крак од пожарот. Пожарникари од ТППЕ Куманово и Кратово набргу ќе бидат упатени и ќе дежураат во близина на ова село, велат од ЦУК.

 

Во текот на ноќта ќе се донесе одлука дали, кога и кои воздухоплови ќе бидат употребени за гаснење на пожарот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.