На 13.04.2024 година во 00.30 часот, во угостителски објект во струшката населба „Езерски лозја“, лишени од слобода се С.К.(36) и Б.С.(38), двајцата од Струга.

Тие претходно во објектот предизвикале вербална расправија со присутните гости, а потоа, пред објектот оштетиле неколку возила и физички го нападнале и повредиле вработениот А.Н. од Охрид.

Двајцата се однесувале агресивно и кон полициски службеници кои преземале службени дејствија.

По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.