Црвениот крст во Македонија предупредува дека на Инстаграм се појавил профил под име crvenkrstbalkan.

Таа организација не е дел од Црвениот крст, бидејќи никогаш не постел Црвен крст Балкан. Во секоја земја има само една организација на Црвен крст. Црвениот крст на Македонија е членка на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена Полумесечина која брои 192 земји и целата помош и поддршка за настраданите во Турција и Сирија ја реализира координирано и со насоки од Меѓународната Федерација и Црвената Турска Полумесечина. Секој може да работи, да помогне на луѓето, но тоа да го прави во сопствeно име почитувајќи го интегритетот на секоја друга организација и без употреба и злоупотреба на логото и името на некоја друга организација како што во случајот е името на Црвениот крст, велат од Црвениот крст.

За овој случај на злоупотреба се информирани надлежните органи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.