Вчера во 13.50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Т.(27) од Велес. При преглед кај него и на мопедот кој го управувал биле пронајдени и одземени хероин и марихуана.

Исто така, пред лишувањето, на улица „Богдан Каракостев“ во Велес тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, по што се обидел да избега и со мопедот да удри полициски службеник, соопшти МВР.

Лицето било приведено во полициска станица и за случајот бил известен јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветена пријава.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.