СВР Битола поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против Ј.А(33) од с. Барешани, битолско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ по член 123 во врска со член 19 и „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик.
На 25.08.2022 околу 09.00 часот во семејната куќа во с.Барешани, пријавениот со остар предмет му нанел повреда на неговиот татко Ѓ.А.(58), по што му одзел пари. Набргу потоа, Ј.А. бил пронајден и лишен од слобода, соопшти битолската полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.