Два големи пожари во моментов се активни во Велешко и во Скопско. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), едниот пожар е над село Отовица во Велешко, а другиот е во Скопско помеѓу селата Бучинци, Миладиновци и Групчино.

Како што најавуваат од ЦУК, наскоро во гаснењето ќе се вклучат авион „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи (МВР).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.