Нови случаи на нападнати лица во Градскиот парк во Скопје.

Ноќва во 02.00 часот во СВР Скопје, М.Р.(18) од Скопје пријавил дека околу 00.30 часот во Градскиот парк во Скопје, бил физички нападнат од неколку лица, откако претходно му побарале да им го даде паричникот.

Околу 02.40 часот, пак, во СВР Скопје, Л.М.(21), М.С.(22) и В.М.(22), сите од Скопје пријавиле дека на 28.09.2024 околу 23.40 часот, во Градскиот парк во Скопје, биле физички нападнати од неколку лица, кои претходно се обиделе да им одземат пари, а бил употребен и тврд предмет.

Од СВР Скопје велат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.