Во акциска контрола на подрачјето на СВР Охрид извршена на 15 април во два угостителски објекти, откриени се 12 странски државјанки од Русија, Украина, Србија и Албанија. Пет од нив биле без пријавен престој во земјава.

Во угостителските објекти, Трудовиот инспекторат констатирал неправилности поради што ќе следат соодветни санкции.

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека странските државјанки се предадени на Одделението за странци и реадмисија при РЦ за ГР Запад за понатамошна постапка. Петте лица се изведени пред судија за прекршоци и согласно одредбите од Законот за странци изречена им е глоба и мерка протерување на странец од земјава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.