Општина Куманово поднесе кривична пријава против поранешно вработено лице во Општината со иницијали В.Б. за злоупотреба на службена должност.

Посоченото лице се сомничи дека ја оштетило општина Куманово на начин што од работната позиција, која што ја вршело во постапка за легализација по предметниот имот се откажало од корисничко право за земјиште на кое бил построен објект, кој требал да биде легализиран на име на општина Куманово, а со крајна цел да му овозможи на трето лице да се стекне со имотна корист, така што ќе го легализира објектот на сопствено име.

Со ова лицето В.Б. ги пречекорило своите законски овластувања и ја оштетило Општината за износ од 2.152.192 денари, при тоа со наведеното постапување се јавува како оштетена страна и Здружението за слепи лица од Куманово, на кое општина Куманово му го дала на употреба објектот за свои потреби.

Од страна на Општината незаконското решение е поништено.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.