Од Центарот за управување со кризи велат дека регионалниот центар од Битола ги известил дека дека пожарот кој што започна на 15.07.2024 часот во 16.00 часот  кај м.в. „Германски гробишта“, на ридот над населбата Баир во Битола, е реактивиран на еден крак и се движи на запад кон м.в.,,Бел Камен“, на високо непристапен терен, а дува и силен ветар. Интервенираат ТППЕ Битола.

Во изјава директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов вели дека состојбата со пожарите кои ја зафати државата е променлива и дека има повторно влошување на пожарот во Битола кој што беше ставен под контрола, но од пред извесно време една точка од пожарот излезе од контрола и се разви нов крак. Тој вели дека нема загрозување за Битола и околните куќи и дека се обидуваат да го стават под контрола.

 

извор: Тера телевизија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.