Вчера во ОВР Кочани, 75-годишна жена од Кочани пријавила дека била измамена од едно лице.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и ја довело во заблуда дека нејзиниот внук предизвикал сообраќајна несреќа во Германија и згазил лице – мигрант, а доколку сака да му помогне, треба да даде 60.000 евра. Како што е пријавено, подоцна пред нејзината куќа дошло едно лице на кое му дала 251.400 денари, соопшти МВР.

За настанот е запознаен јавен обвинител и се работи на негово расчистување.

Ова е последна од низата измами изминатите години, а зачестени во овие неколку недели во кои лице се јавува кај постари граѓани и бара пари за нивен близок.

Подрачните канцеларии на МВР низ земјата неколкупати апелираа до граѓаните, посебно до повозрасните, да не наседнуваат на вакви и слични информации добиени од непознати лица и секој таков случај да го пријават на телефонскиот број 192 или во најблиската полициската станица.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.