Министерството за внатрешни работи соопшти дека 55-годишниот С.С. од село Долно Белица добил кривична пријава поради сомнение за сторена разбојничка кражба и обид за обљуба врз 45-годишна жена од село Ложани.

– ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.С.(55) од струшкото село Долно Белица, поради постоење основи на сомнение за сторена „разбојничка кражба“ и обид за обљуба. Тој на 10.08.2022 година околу 09.30 часот, на локален пат помеѓу струшките села Биџево и Ложани, физички нападнал 45-годишна жена со привремен престој во селото Ложани, се обидел да изврши обљуба и ѝ одзел личен предмет, се вели во соопштението на МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.