Жител на скопска Копаница во тетовската полиција пријавил дека соселанец пукал кон брат му при нивна средба на Попова Шапка. Инцидентот се случил околу 21 часот, а при тоа немало повредени.

Дваесет и деветгодишниот И.Ш од скопска Копаница во 21 часот и 25 минути пријавил дека на Попова Шапка, каде престојувал со неговиот брат Х.Ш. и двајца нивни пријатели, по куса вербална расправија, Ф.З.(27) од истото село извадил огнено оружје и пукал кон Х.Ш., но, не го погодил, по што со возило се оддалечил од местото.Според пријавеното, двајцата браќа подолго време имале нарушни односи со Ф.З. – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајо



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.