Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 04:00 часот, го лишиле од слобода А.И.(35) од село Никуштак, општина Липково.
Како што соопшти денеска МВР, тој бил осуден на пет години и седум месеци затворска казна за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215, „трговија со луѓе“ по член 418 – а и „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница за доиздржување на три години од казната.
Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Идризово за доиздржување на затворската казна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.