Дваесет и осумгодишно лице од Скопје ноќеска било донесено во Градската oпшта болница „Св. Наум Охридски“ со повреди од огнено оружје. Како што соопшти МВР, денеска во 02:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Градската oпшта болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен Н. М. (28) од Скопје со повреди од огнено оружје, а кои, според пријавеното, му биле нанесени на булевар „Јане Сандански“ во Скопје.

Н. М. како напаѓач посочил лице од село Горно Оризари, скопско. Известен е јавен обвинител, утврден е идентитетот на сторителот и се преземаат мерки за расчистување на настанот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.