На локацијата позната како „Тобако“ во скопската населба Аеродром еден човек е ранет од истрел од огнено оружје испукан од непознато лице и од непознато место. Две лица кои разговарале слушнале пукање, по што едниот се пожалил на болка и бил пренесен во болница.

М.Т.(39) од Скопје пријавил дека пред локацијата „Тобако“ на подрачјето на населбата Аеродром каде работел, додека бил со Т.Ј.(32) од Скопје, слушнале неколку истрели од огнено оружје, при што Т.Ј. се пожалил на болка.

„Од страна на лекар од Итната медицинска помош кај него е констатирана повреда, по што бил пренесен во Градската општа болница ‘Св. Наум Охридски’ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот“, информира МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.