Раната не е длабока, исчистена и санирана е. Немаме точни информации за каква рана се работи, но најверојатно станува збор за лесна, бидејќи веднаш по преврската данскиот турист ја напуштил болницата во Тетово, изјави директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

фото: ЦУК

Денес околу 10.45 часот, во месноста Јелак на Шар Планина, мечка нападнала дански турист кој заедно со група скијачи учествувал во т.н. „фри рајд” скијање во близина на Попова Шапка.

фото: ЦУК

Мечката која ги бранела своите две мечиња, го гризнала и го изгребала скијачот по нозете. Екипа на итната медицинска помош од Тетово го транспортира повредениот скијач кон тетовска болница каде дополнително ќе биде утврдена тежината на повредите, соопштија од ЦУК.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.