Во текот на целиот ден во скопската населба Бутел се слушаат рафали од автоматска пушка.
Граѓаните загрижени и преплашени сведочат за КУРИР.
Вака е веќе неколку месеци, знаеме дека има свадби и прослави, но ова веќе е неподносливо, посведочи средовечен маж.
Па војна да имаше вака немаше да се пука, полицијата се прави како ништо да не слуша, работат ли нешто тие полицајци, страв ми е детето да го извадам во парк, се плашам дека ќе го погоди некој заскитан куршум, вели во телефонско јавување една мајка за нашиот портал.
Оливер Спасовски и неговите пајташи, ако толку многу не убедуваат дека државава ни е безбедна ќе успеаја да е справат со овие прослави. Луѓе многу е едноставна работата. МВР знае каде се наоѓаат рестораните, МВР знае каде има свадби, многу е едноставно, нека одата на терен и нека се справат со ваквите пиштолџии, мене веќе ми е преку глава од овие пајташи, Спасовски може да ги убедува жена му и децата дека државава е безбедна, ама нас не, вели за КУРИР маж кој пред извесно време бил сведок на ваков инцидент, вели дека пријавил, ама прославата во близина на неговото живеалиште продолжила со исто темпо.
Со години наназад сведоци сме баш во оваа скопска населба но и во други, како залутани куршуми завршувале во автомобили, но и во луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.