Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш вчера го лишиле од слобода Б.Ѓ.(57) од Радовиш. Тој се сомничи дека околу 5.40 часот подметнал пожар во станбена зграда лоцирана на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш, во кој биле опожарени влезни врати од осум станови, ходниците и една разводна табла за електрична енергија.
Како што информира МВР, по интервенција на Територијалната противпожарна единица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршиле инспектор од Дирекција за заштита и спасување и екипа од ОВР Радовиш.
При лишувањето од слобода, како што велат од полицијата, кај Б.Ѓ. биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело, што исто така биле и во неговиот дом. Тој бил задржан во полициска станица и бил извршен службен разговор при што го признал делото.
За настанот е запознаен јавен обвинител и во текот на денот лицето ќе биде изведено пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.