Вчера во 17,10 часот С.К. (36) од Скопје во Полициска станица Кочани пријавил дека Р.А.(27) од Кавадарци, кој извршувал работни задачи на објект во с.Тркање, најверојатно паднал во канал за наводнување, кој се наоѓал во близина.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и во координација со ТППЕ на Кочани преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. За настанот е запознат јавен обвинител.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.