Педесет и седумгодишен работник од Кочани денеска се повредил и починал во кругот на фабрика на подрачјето на општина Гази Баба.
Денеска (12.07.2023) во СВР Скопје е пријавено дека во 13:35 часот во кругот на фабрика на подрачјето на Гази Баба, В.К.(57) од Кочани додека извршувал работни задачи за фирма од Штип се повредил и починал. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана е смрт, велат од Министерството за внатрешни работи за МИА.
За настанот е известен трудов инспектот и јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција. Извршен е и увид од страна на екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.