Работникот И.К. (42) од Штип е тешко повреден во сообраќајката која се случи на експресниот пат Штип-Кочани. Тој утрово ја косел тревата покрај коловозот, кога бил удрен од возило марка „сеат леон“ управувано од 43-годишен возач С.М. од Пробиштип.
По ударот возилото се превртело, а полесно повреден е и возачот.
Двете лица се пренесени во Клиничка болница-Штип. Несреќата се случила на неколку километри на клучката кај Три Чешми. Во тек е увид од страна на јавен обвинител.
Поради сообраќајната несреќа која се случила утрово во 7.40 часот на експресниот пат Штип-Кочани, сообраќајот беше во прекин, информираа од АМСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.