Затвореник од „Идризово“ се обидел да побегне поради што службеник морал да пука за предупредување во воздух.

На 17.07.2024 во 10.05 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека осуденикот Г.А.(41) ја прескокнал заштитната ограда и се обидел да побегне, но набргу бил фатен од службеници на затворската полиција и бил вратен во установата. Притоа, еден од службениците од службениот пиштол испукал еден предупредувачки кушрум во воздух, соопштија од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.