Вчера 11.34 часот во СВР Скопје, И.Ц.(21) од Скопје пријавил дека во 11.30 часот на паркинг на бул.„АСНОМ“ во Скопје, додека бил со уште неколку лица, дошол К.Ј. од Скопје и од пиштол испукал еден куршум кон него, но не го погодил, соопштија од МВР.
Вознемирени граѓани на социјалните мрежи веќе споделија дека пукањето се случило во близина на детско игралиште полно со деца и дека станува збор за добро познати проблематични лица, на кои долго време се жалат.
Од МВР велат дека бил извршен увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.