Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер во 22 часот и 25 минути во тетовска Брвеница го лишиле од слобода 43-годишниот Ј.Ј. од ова село затоа што на неговата семејна веселба околу 21 часот и 15 минути било пукано со огнено оружје, при што еден заталкан проектил завршил во куќата на 81-годишниот соселанец С.Т. и причинил оштетувања на дел од објектот.

Од СВР Тетово известуваат дека нема повредени лица, извршен е увид, а Ј.Ј. е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и
документирање на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.