Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Визбегово, скопско, патничко моторно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Х.Е.(23) од с.Визбегово, удрило во велосипед управуван од Р.Р.С.(49) од с.Визбегово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.Р.С. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Како што соопшти МВР, извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.