Неделата навечер во 22.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар од огнено оружје биле оштетени прозорци од куќа и две патнички возила „фолксваген артеон“ и „фолксваген пасат“, двете со скопски регистарски ознаки, во сопственост на А.С.(40) од Скопје, а исто така биле оштетени и прозорци од соседната куќа, во сопственост на Џ.Л.(35).
Од полиција потврдуваат дека повредени лица нема.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и од местото на настанот подигнати се чаури и предадени за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.