На 04.05.2024 година околу 19.30 часот полициски службеници од СВР Тетово – Полициско одделение Групчин, во тетовско Церово ги лишиле од слобода К.З.(62), Х.А.(33), Р.А.(27) и М.А.(62), сите од Церово. Според пријавеното, по кратка вербална расправија помеѓу К.З. и Х.А. во угостителски објект во селото, К.З. со огнено оружје испукал неколку куршуми, но бил спречен од присутните, а оружјето му било одземено.
Повредени лица нема, а приведените се задржани во полициска станица и се работи на расчистување не случајот, по што ќе биде изготвен соодветен поднесок, информираат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.