Во сабота, на 21 мај, најавен е протест под мотото Правда за Оли во врска со пресудата на судијката во Основниот суд Битола, Татјана Петровска, која пресуди 18 месеци затвор за сообраќајната несреќа во која загина Оли, брат на Бојан Петровски, кој е и еден од организаторите на настанот.
Протестот е закажан да биде на Плоштадот Магнолија во Битола, со почеток од 12 часот.
Да побараме правда за Оли, но да побараме ПРАВДА и за СИТЕ УБИЕНИ ВО СООБРАЌАЈКИ, бидејќи сведоци сме дека во последните неколку години, убијците во возила, згаснувајќи многу животи со своето бесно возење, поминуваат неказнето, или со прениски казни, изречени од страна на корумпираната судска власт во „нашата држава“, се вели во соопштението.
Повеќе за настанот тука
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.