Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија и оружје при СВР Куманово, го уапсиле Б.Б.(51) од Куманово.

Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом во Куманово, извршен по судска наредба, биле пронајдени марихуана, хероин, амфетамин, кокаин и поголема сума пари во различни валути. Дополнително, при претрес во неговиот деловен објект во Куманово бил пронајден хероин.

Б.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава до надлежното обвинителство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.