Тело на машко лице е пронајдено денеска доцна попладне во десниот магистрален канал од хидросистемот „Брегалница“, на потегот меѓу селата Истибања и Оризари.
По добиеното известување, вработените во водостопанската подружница од Кочани го запрea дотокот на вода од браната Калиманци, за да може телото на удавениот да се извлече од каналот. Според сè уште непотврдени информации се работи за 29-годишно машко лице од Истибања.
На местото на настанот се присутни стручни екипи од полицијата и од Основното јавно обвинителство од Кочани, кои треба да направат увид и да го потврдат идентитетот на настраданиот.
ТАГОВИ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.