Спасувачките екипи го пронајдоа и го извлекоа од водите на Лепенец возилото БМВ со кое косовското семејство Пацоли вчера падна во реката, откако на него налета возило „фолксваген туран“ со скопски таблички, кое се обидувало да претекне цела колона возила.
Министерството за внатрешни работи ја потврди информацијата дека денеска (18.06) од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица Тигар во реката Лепенец се пронајдени починати трите лица по кои се трагаше по вчерашната сообраќајна несреќа на патот Скопје –ГП Блаце.
Пронајдено е и возилото „бмв“ во кое тие се превезувале. Како што веќе претходно информиравме, по наредба на јавен обвинител, возачот на возилото „фолксваген туран“ Б.Б. е лишен од слобода и задржан за понатамошно постапување, велат од МВР.
Четвртиот член на семејството Пацоли од Косово, 21-годишниот Шкељзим, успеал да излезе и со повреди беше примен на лекување во ГОБ „8 Септември“.
Возачот на возилото „фолксваген туран“ е приведен во полициска станица на натамошна постапка.
Потрагата по возилото и телата на настраданите се соочи со големи проблеми поради надојдените и матни води на Лепенец како последица на обилните дождови. Во потрагата учествува екипи од полицијата, војската, Дирекцијата за спасување, како и екипи од Косово.
Во вчерашната сообраќајка кај Блаце БМВ-то со косовски таблички се судри со Фолксваген туран, по што БМВ-то пропадна во реката Лепенец. Во него биле мајка, татко и два сина, од кои едниот имал 16 години. Постариот син на 21- годишна возраст успеал да се спаси, додека по останатите членови на семејството се одвиваше потрага низ надојдената река.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.