Денеска (18.06.2023) во периодот од 12.00 до 18.00 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во содејство со Одделението за претходница и сообраќајно ескортно обезбедување при Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли. При тоа санкционирани се 76 возачи и тоа, 23 за возење без кацига,14 за возење без возачка потврда,7 нерегистрирани возила…

Привремено се одземени 5 мотоцикли поради истек на важност на сообраќајната дозвола повеќе од 6 месеци.

Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и сите да придонесеме за побезбеден сообраќај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.