Дваесет и тригодишен жител на селото Корешница е приведен под сомнение дека се обидел на криумчари 30 мигранти.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 23-годишниот И.С. е преведен околу 20 часот на автопатот Гевгелија-Демир Капија, а мигрантите се пронајдени во комбе марка „рено“ со кавадаречки таблички. Возачот се обидел да побегне, но бил фател од полицијата.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, против И.С. ќе биде поднесена кривична пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.