Полицијата информира дека во селото Слатино приведен е 47- годишник поради пронајден кокаин и мини лабораторија. Полициските службеници од СВР Тетово денеска приведувањето го извршиле по претходно обезбедена судска наредба и претрес во домот на осомничениот.
Кај 47-годишниот Џ.Н. во тетовско Слатино при претресот, пронајден е кокаин и мини лабораторија во која кокаинот се подготвувал за продажба, три дигитални ваги и рамка со 8 куршуми пиштолска муниција, калибар 7, 62 милиметри. Џ.Н. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде изготвена соодветна кривична пријава, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Осомничениот ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.