Основното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против лице на возраст од 36 години, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти ЈО, во својот дом во Велес, осомничениот неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана во количина од 84,07 грама.
На 19 октомври тој на две лица им продал 35 грама од дрогата за вкупен износ од 10.000 денари.
Поради опасноста осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, како и да ја попречи истрагата со влијание врз сведоците, Основното јавно обвинителство Велес предложи да му биде определена мерка притвор.
Судија на претходна постапка од Основен суд Велес го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена – стои во соопштението на ЈО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.