Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Блаце при Регионалниот центар за гранични работи Север вчера околу 16:30 часот на улица „Јадранска магистрала“ во Скопје, го лишиле од слобода Н.Х.(49) од Косово, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“.

При преглед во товарното возило „рено“ со косовска национална ознака, кое го управувал, била пронајдена стока за која немал доказ за потеклото, односно не поседувал официјален заверен документ. Возилото и стоката биле одземени за понатамошна постапка, а лицето било задржано во Полициската станица Чаир, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.