Криминалистичката полиција при СВР Битола вчера ги лишила од слобода Д.О.(37) и А.А.(35) од Битола, а службен разговор во полициска станица бил извршен и со А.М.(27) од Битола.

Тие се сомничат дека извршиле три тешки кражби и две кражби во куќи, патнички возила и спортска обложувалница, од каде одзеле разни предмети и пари, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците. По целосно документирање на случаите против осомничените ќе следува соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.