Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше денеска преку „Фејсбук“ дека приведени се три лица во скопско поради предизвикување пожар.

Денеска (09.08.2024) околу 13 часот од страна на полициски службеници од ЕВР Кисела Вода при СВР Скопје, на место викано „Дупки“ во с.Патишка река, скопско, биле лишени од слобода С.А. (59), А.А. (31) и И.А. (25) од Скопје поради основано сомнение дека предизвикале пожар. Лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, додава министерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.