Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар на 20.02.2022 во периодот од 10:20 часот до 17:50 часот, на улиците „Никола Парапунов“ и „Илинденска“ во Гостивар, како и во гостиварски Балиндол, ги привеле гостиварците Б.С.(43) и Е.Љ.(27), и Б.Ј.(25) од село Балиндол.
Како што соопштија денеска од МВР, за нив биле издадени судски наредби со кои се барале за издржување на затворски казни. Набргу потоа, тројцата биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.