Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип, по преземени оперативни мерки и активности, расчистија 16 тешки кражби од куќи, возила, градежен објект, продавница и од лабораторија во Клиничката болница Штип при крајот на минатата и почетокот на оваа година.

Како што информираа денеска од МВР, поради основано сомнение дека се сторители на делата приведени се Н.И.(23), Е.Ј.(18), С.Н.(31), А.М.(39), Н.М.(41) и двајца малолетници, сите од Штип. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале кривичните дела.

Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.