Полициски службеници од Полициската станица за безбедноста на патниот сообраќај при СВР-Велес, денеска околу 8.30 часот ги лишиле од слобода М.Г. (25) и О.Т.(32), двајцата од Велес, соопштија од МВР.
Полицијата постапувала по претходно добиена пријава дека утрото околу 08 часот извршиле разбојништво во спортска обложувалница и со употреба на сила врз вработената, одзеле пари.
По кратко време, лицата се пронајдени и приведени во полициска станица. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.