Полицијата изутрината на подрачјето на Кисела Вода ги лиши од слобода Г.К.(34) и Д.М.(32), двајцата од Скопје за поседување дрога.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, кај нив биле пронајдени и одземени две пакувања кафеава прашкаста материја, апчиња, бела прашкаста материја, марихуана, дигитална вага, дробилка, метадон.
Од МВР информираат дека двете лица се приведени во Полициската станица Кисела Вода и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.